Вечерва стартува новата сезона во Лигата на шампионите, а веќе во првиот ден имаме големо дерби помеѓу ПСЖ и Јувентус.




Со оглед на актуелната форма, ПСЖ е голем фаворит според обложувалниците, иако секако Јувентус не смее да се отпише.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„За да ја поминеме групата потребни ни се 10 бода. ПСЖ за мене е број еден фаворит за освојување на ЛШ. Сигурно дека не чека тежок натпревар. Нашата цел ќе биде да одиграме тактички добар натпревар.




Се најавуваше дека Ди Марија може да игра, меѓутоа „старата дама“ нема да ризикува.




„Ди Марија? Се чувствуваше подобро во неделата, но не сакам да ризикувам да игра во овој натпревар кога се уште не е 100% спремен“, изјави Алегри.