Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Притисокот е на страна на фаворитот Тотенхем

Алегри: Притисокот е на страна на фаворитот Тотенхем

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри смета дека притисокот несомнено е на страната на Тотенхем.

Јувентус и Тотенхем одиграа 2:2 во Торино, а реваншот е утре во Лондон и Алегри истакнува дека притисокот е на страната на домашните.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не знам како ќе игра Тотенхем, но со оглед на резултатот од првиот меч, на нивна страна е притисокот бидејќи се фаворити. Ова за нас е како финале, но мораме да одиграме далеку подобро од првиот меч“, истакна Алгери и додаде:

„Ќе има утре повеќе простор во нападот, но треба да бидеме внимателни во одбраната. Мораме да имаме и поголем посед, но нема да биде лесно“.

Алегри истакна дека утре ќе играат и Игуаин и Дибала, а мечот дефинитивно ќе го пропушти Манџукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Салах испиша историја: Ова не му успеало на ниту еден друг фудбалер во Премиер лигата!

Англискиот фудбал ги дозна имињата на најдобрите од минатата сезона на синоќешната ПФА цер…