Дома Фудбал Италија Алегри призна: Јас сум виновен, ги згрешив измените

Алегри призна: Јас сум виновен, ги згрешив измените

Јувентус синоќа одигра реми во големото дерби со Милан и се уште нема победа во новата сезона во Серија А.

„Старата дама“ против Милан имаше водство од 3-та минута, а на крајот требаше да се спасува од пораз.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тренерот Алегри после мечот ја презеде вината и призна дека ги погрешил измените.

„Ќе признаам дека направив грешки со замените, погрешив. Требаше да ставам подефанзивни фудбалери во игра и да го заклучевме водството од 1-0, па ја прифаќам одговорноста за тоа“, истакна Алегри.

„Проблемот е што победувањето на натпревар е едно, а освојувањето лига е друго, и тоа значи дека не треба да примате голови по грешки како нашата. Искрено, на крајот бевме лоши и не спаси свирчето, можевме да бидеме поразени“, додаде Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Лаурентис ги негираше гласините и рече: Горд сум што до мене стои вистински човек како Конте

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ги искористи социјалните мрежи за категорич…