Дома Фудбал Италија Алегри: Мечот е поважен за Наполи, отколку за нас

Алегри: Мечот е поважен за Наполи, отколку за нас

Утре на програмата во Серија А е големото дерби помеѓу Наполи и Јувентус, кое може да го одреди понатамошниот тек на сезоната.

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри смета дека овој меч нема да биде одлучувачки во битката за титулата, но е многу поважен за Наполи отколку за неговиот тим.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ова не е решавачки меч, но ќе биде многу важен за нив. Наполи е фаворит за титулата, имаат 44 бода и до сега допуштија само еден пораз. Спалети е одличен тренер и сигурно ќе сака да му донесе титула на Наполи, па овој меч ќе биде многу важен за нив“, изјави Алегри.

Тренерот потврди дека Квадрадо, Влаховиќ, Бонучи како и Погба сигурно ќе го пропуштат дербито со Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Бастен бесен поради ситуацијата од 91. минута на мечот на Барса (Видео)

Фудбалската легенда Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпре…