Дома Фудбал Италија Алегри: Малме е противник кој мора да го победиме

Алегри: Малме е противник кој мора да го победиме

Бледиот почетокот на новата сезона и двата порази и едно реми во Серија А се најава за проблеми во Јувентус.

Сега пред „старата дама“ е Лигата на шампионите каде што ќе игра против против Малме, противник против кој се голем фаворит. Масимилијано Алегри пред овој натпревар порача дека Малме е противник кој мора да се победи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Против Малме Јувентус играше во 2014 година, но за Алегри ова е една сосема поинаква ситуација.

„Оваа ситуација не може да се спореди со претходната кога игравме тука. Мораме да победиме за да поставиме добри темели и да се соочиме на вистински начин со предизвиците кои следат. И покрај двата порази во Серија А мораме да останеме фокусирани, секогаш сме свесни дека треба да бидеме подобри, без оглед на резултатите. Фудбалот е таков и не секогаш работите одат во насока во која посакувате“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер сити ја одреди цената за Грилиш!

Манчестер Сити ја игра најлошата сезона откако пред девет години Пеп Гвардиола ја презеде …