Дома Фудбал Италија Алегри влегол во жестока расправија со фудбалер на Јувентус

Алегри влегол во жестока расправија со фудбалер на Јувентус

Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри влегол во расправија со фудбалерот Леанрдо Паредес на последниот тренинг.

Според информациите на италијанските медиуми тренингот го следеле околу 300 навивачи. Додека фудбалерите на Јувентус потпишувале автограми забележана била напнатост помеѓу Паредес и Алегри.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Двајцата според информациите влетале во соблекувалната и почнале да се расправаат пред остатокот од тимот.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека 28-годишниот фудбалер му ставил до знаење на Алегри дека не е задоволен од минутажата. Аргентинецот во Јувентус пристигна минатото лето на позајмица од ПСЖ. Оваа сезона одигрра само 1086 минути.

Јувентус откако испадна од Лигата на шампионите нема обврска да го откупи неговиот договор од ПСЖ и најверојатно фидбалерот ќе се врати во Париз каде што исто така не сметаат сериозно на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јунајтед му нуди трампа на Милан, го сака Мењан

Манчестер Јунајтед по секоја цена бара сега друга опција за голманската позиција и најнова…