Дома Фудбал Италија Алегри: Влаховиќ мора да биде подобар

Алегри: Влаховиќ мора да биде подобар

Душан Влаховиќ против Верона вчера дебитираше со гол за Јувентус. Алегри започна со триото Дибала – Мората – Влаховиќ и на теренот изгледаше добро.

После натпреварот Алегри се обиде да ја намалија еуфоријата околу српскиот голгетер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Верона играше добро, ние имавме среќа. Ова беше тежок натпревар, имавме вистински пристап на офанзивните фудбалери, работеа напорно и креиравме шанси. Им кажав дека со задоволство ќе ги играм тројца во нападот, но треба да ми покажат што можат на теренот. Во овој натпревар функционираа одлично. Дибала одигра добро се жртвуваше и му даде одличен пас на Влаховиќ, Мората истото го направи при голот на Закарија“.

„Влаховиќ имаше неколку лоши допири на почетокот и тука треба да се подобри да има почисти движења. Гледам дека сака да влегува во дуели, но има 22 години и нема преголемо искуство. Треба да се подобри и со начинот на кој се справува со дефанзивците како и играта со десна нога“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул експресно најде замени за повредениот Исак – две имиња се во конкуренција

Ливерпул се соочува со сериозен проблем во нападот по повредата на Александер Исак, што ги…