Дома Фудбал Италија Алегри без еден од најдобрите во одлучувачкиот натпревар

Алегри без еден од најдобрите во одлучувачкиот натпревар

Масимилијано Алегри за натпреварот против Олимпијакос не ќе може да смета на еден од најдобрите.

Хрватскиот „воин“ од редовите на Јувентус, Марио Манџукиќ кој се повреди пред дербито со Наполи, ќе го пропушти и последниот натпревар на својот тим во групната фаза од Лигата на шампионите.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манџукиќ е познат како фудбалер кој секогаш го дава максимумот на теренот и токму поради тоа е вистински миленик на навивачите

Оваа сезона Манџукиќ постигна три погодоци и запиша две асистенции во италијанската Серија А.

По првите прогнози се очекуваше Манџукиќ да биде спремен за натпреварот во Атина, но сепак најверојатно ќе биде подготвен за дербито од Серија А кое се игра наредниот викенд против тимот на Интер кој во овој момент е лидер на табелата.

Во Лигата на шампионите Јувентус се наоѓа на втората позиција со еден бод повеќе од Спортинг кој игра против Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…