Дома Фудбал Останато Алвес: Во ПСЖ не знаат ниту да победуваат, ниту да губат, а никој не ме слуша мене

Алвес: Во ПСЖ не знаат ниту да победуваат, ниту да губат, а никој не ме слуша мене

Бразилскиот дефанзивец Дани Алвес не е задоволен од тоа како се слуша неговиот збор во Пари Сен Жермен.

Ќе потсетиме, тој летото 2017 година пристигна од Јувентус како слободен фудбалер. Со оглед на тоа дека во својата кариера освои се што можеше да се освои во клупскиот фудбал смета дека луѓето во управата на Пари Сен Жермен треба повеќе да го слушаат.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Морате да ги слушате искусните, а јас сум еден од нив. Имам искуство и знам како се прават ваквите работи. Мораат повеќе да ме слушаат. Имам впечаток дека луѓето во клубот не знаат како да победуваат, за разлика од мене, но не знаат ни како да губат. Сакам да ме следат и да ме слушаат бидејќи сето тоа јас сум го поминал“, изјави Алвес.

Потоа тој зборуваше и за елиминацијата од Манчестер Јунајтед.

„За нас тоа беше непријатно изненадување. Јас предупредував на големината со која се стекна Манчестер Јунајтед низ историјата. На тоа морате да внимавате. Не смеевме да дозволиме ние да не се прашуваме. Целосно промашивме затоа што она кај што одевме беше војна“, порача Бразилецот.

Инаку, Алвес во текот на кариерата три пати ја освојуваше Лигата на шампионите додека го носеше дресот на Барселона. Со Јувентус играше во финалето од ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…