Фудбалеритер на Барселона вечерва на свој терен играат против Бенфика во групната фаза од Лигата на шампионите.
Каталонскиот клуб повеќе нема право на кикс и вечерва на „Камп Ноу“ потребна им е победа за да го обезбедат пласманот во нокаут фазата. Барселона сезоната не ја отвори најдобро, а најголемиот шок го доживеа токму против Бенфика која во првиот натпревар ги победи со 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Барса две победи против Динамо Киев успеа да се врати и сега им е потребна победа против Бенфика за да го обезбедат второто место за да не мораат да решаваат во последното коло против Баерн. Вечерва на клупата на Барселона во Лигата на шампионите ќе дебитира Чави Ернандез кој пред десетина дена беше избран за нов тренер на Каталонците.
На прес-конференција пред натпреварот покрај Чави присуствуваше и Алба кој зборуваше и за поранешниот тренер Роналд Куман. Алба порача дека не сака да каже ништо лошо за Холанѓанецот кој според него работел добро.
„Немам ништо лошо да кажам за Куман. Мислам дека Куман направи добра работа. Го освоивме купот кога не се очекуваше тоа од нас. Секој тренер има свој стил и тоа е тоа. Благодарен сум на Куман за се што направи за мене и целиот тим“, изјави Алба.