Нов преоден рок нови шпекулации поврзани со иднината на Артуро Видал…
Според германските медиуми Баерн Минхен ја одредил сумата за која би можел да размислува да го ослободи Артуро Видал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германски „Кикер“ како што наведува од свои сигурни извори дознава дека цената на Артуро Видал во овој момент изнесува 50 милиони евра.
Оваа информација наводно го привлекла вниманието на Челзи, кој сепак овие денови се занимава со заминувањето на Мајкл Еменало, човекот кој долго време се сметаше за десна рака на Роман Абрамович и еден од оние кои го водеа главниот збор во Челзи кога во прашање се засилувањата. Како потенцијален негов наследник се наведува Френк Лампард.
Конте го посакуваше Видал, но токму Еменало беше човекот кој се противеше на оваа желба на Италијанецот, но сега ситуацијата би можела да се промени.
Сепак и доколку договорот биде постигнат тоа нема да биде пред лето. Покрај Челзи, голем интерес за Видал покажа и тимот на Интер.