Дома Фудбал Англија АЛАРМ НА „ОЛД ТРАФОРД“: Матиќ побарал измена, станува збор за мускулот

АЛАРМ НА „ОЛД ТРАФОРД“: Матиќ побарал измена, станува збор за мускулот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во рамките на 14. коло од англиската Премиер лига го победија Вотфорд со 4:2, но сите во клубот се уплашени поради повредата на Немања Матиќ, кој во 55. минута побара измена.

Теренот го напушти со болна гримаса, па навивачите на „црвените ѓаволи“ се молеа да не е сериозна повреда. Тренерот, Жозе Мурињо по новата победа откри и во каква состојба се наоѓа српскиот играч за врска.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Немања ми рече да го заменам. Тој тоа не го прави доколку не е сериозна ситуација. Го повредил мускулот“, изјави Португалецот.

По деталните прегледи ќе биде познато колку е сериозна повредата на Матиќ, а сите на „Олд Трафорд“ се молат да не е ништо сериозно, бидејќи Јунајтед во декември го чекаат голем број на предизвици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Криза го тресе европскиот гигант, човекот што стои зад златната ера поднесе оставка

Претседателот на шкотскиот фудбалски великан Селтик Питер Лоуел на крајот на годината ќе г…