Дома Македонски спорт Мак ракомет Алаклоид покажа „заби“, но Вардар на крајот сепак славеше

Алаклоид покажа „заби“, но Вардар на крајот сепак славеше

Aктуелниот шампион Вардар славеше во дербито на 4. коло во ракометната Суперлига иако до победата стигна можеби потешко од она што се очекуваше.

Вардар го победи Алкалоид со 28:25 и тоа благодарение на серијата од 5:0 во последните седум минути. Имаше Вардар предност со 21:17, но тогаш по тајм-аутот на Кире Лазаров Алкалоид се врати во игра и поведе со 22:21 на десет минути до крајот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Така се влезе во една неизвесна завршница. Дебитантот водеше и со плу 25:23, но тука застана. Мартин Томовски во тие моменти на серијата од 5:0 на Вардар во финишот одбрани седмерец и уште неколку зицери, мечот го заврши со 10 интервенции.

Најефикасен кај Вардар беше Дејан Манасков со осум гола, Талески постигна шест. Кај Алкалоид Марко Стојковиќ постигна шест гола, а Мартин Серафимов пет гола. За Вардар ова беше четврта победа во четири кола и со 12 бода е лидер на табелата во групата А, Алкалоид остана девет колку што има и Бутел.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список н…