Дома Фудбал Алаба: Тоа што го бакнав грбот на Реал, не значи дека не го сакам Баерн

Алаба: Тоа што го бакнав грбот на Реал, не значи дека не го сакам Баерн

На дел од навивачите на Баерн Минхен не им се допадна потегот кога Давид Алаба уште во првиот ден во Мадрид го бакна логото на неговиот нов клуб.

Капитенот на репрезентацијата на Австрија сега во интервју за „Билд“ објасни дека немал никаква лоша намера и не сакал да ги налути фановите на Баерн Минхен кои му даваа поддршка во изминатите 13 години и го гледаа како прераснува во голем фудбалер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тоа што го бакнав грбот на Реал не значи дека не го сакам Баерн. Првиот ден тука, промоцијата беше нешто специјално за мене и едноставно така почувствував во тој момент. Започнував една нова етапа, во ниту еден момент не помислив дека ги провоцирам фановите на Баерн. Во Минхен поминав 13 г одини и секогаш ќе бидам благодарен што добив можност да се развијам како личност и како играч“.

„Со текот на времето Минхен стана мој втор дом. Минхен и Мадрид не можат да се споредуваат. Поминав многу време таму, секогаш ќе ми биде во срцето“, изјави Алаба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…