Дома Фудбал Германија Алаба одговори на критиките: Не точно дека со мислите сум на друго место

Алаба одговори на критиките: Не точно дека со мислите сум на друго место

Давид Алаба ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната, а многумина го обвинуваат дека во овој период не игра добро затоа што со мислите е некаде на друго место.

Алаба не е во најдобра форма и тврди дека не е вистина кога се зборува дека не е фокусиран на Баерн и дека гласините за трансферот влијаат на неговата форма.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Гласините немаат влијание на мојата форма. Искрено, мислам дека оваа сезона не сум нешто посебно лош. Ништо не се променило во тој дел“, изјави Алаба.

Сезонава Алаба одигра 20 натпревари во кои постигна гол и имаше асистенција. Го пропушти само натпреварот против Шалке поради проблеми со мускулот.

„Многу пати зборував дека за мене е важно да одиграм уште една сезона во која ќе бидам успешен во дресот на Баерн. Ќе кажам уште еднаш, не сум со мислите на друго место“, порача Алаба.

Алаба во претходниот период се поврзуваше со повеќе големи европски клубови, а најмногу со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Доминација на ПСЖ во идеалниот тим на FIFPRO за годината, Јамал го подобри рекордот на Мбапе

FIFPRO го објави идеалниот состав од 11 фудбалери за 2025 година, избрани од листата од вк…