Некогашниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ го коментираше настапот на Србија на Светското првенство во Катар.
Хрватска и понатаму е присутна на Мундијалот и ќе игра четвртфинале со Бразил, додека Србија не се пласираше во ноакут-фазата и групната ја заврши како последна. Мамиќ верува дека ако Хрватска има во своите редови напаѓачи како Влаховиќ и Митровиќ ќе игра финале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Често пати ме прашуваат зошто Србија нема резултати како Хрватска. Одговорот ми беше едноставен додека не дојде Пикси, многу верував во него и би кажал дека Србија пред него и со него не е истиот тим, но сега на СП видов дека се покажаа старите српски навики.
Во некои моменти имаа и двојно подобри играчи од нас, но никогаш не направија посебен успех. Мислам дека репрезентацијата ја создаваа по кафулиња и ресторани“.
Настапот на Србија на овој Мундијал го оцени како кастрофален.
„Изгледаа крајно неорганизирано на ова СП. Се однесуваа лошо, за тактичката дисциплина и да не зборувам. Очекував да одат до крај…Ако Хрватска имаше напаѓачи како Влаховиќ и Митровиќ ќе играше финале. Честитки за Петковиќ, Будимир, Ливаја, Крамариќ…Сепак, двајцата кои ги споменав се друга димензија“, смета Мамиќ.