Францускиот шампион Пари Сен Жермен потврди дека нема да може да смета на услугите на Џанлуиџ Донарума за натпреварот во Лигата на шампионите против Жирона.
На последниот првенствен натпревар против Брест 25-годишниот италијански голман го повредил бутниот мускул, а Парижаните објавија дека би требало да паузира околу десетина дена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ПСЖ на стартот од Лигата на шампионите дома ќе игра против Жирона. Против Жирона на голот би требало да застане 25-годишниот руски голман Матвеј Сафонов.
Така ако македонскиот напаѓач, Бојан Миовски доби шанса за настап во овој натпревар би имал полесна задача отколку со Донарума на голот.