Дома Фудбал Англија Ако Меси одлучи да замине веќе е позната неговата следна дестинација

Ако Меси одлучи да замине веќе е позната неговата следна дестинација

Во Барселона овие денови владее хаотична ситуација после тешкиот пораз во четвртфинале против Баерн.

Каталонскиот клуб доживеа еден од најголемите срамови во историјата на клубот, а тоа е само уште еден доказ дека во Барселона се потребни големи промени. Сите бараат оставка од претседателот Бартомеу бидејќи од неговото доаѓање е изгубена препознатливата филозифија на Барса.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меѓутоа, се чини дека се избројани деновите и на многу играчи, односно дека најголем дел од нив се ставени на трансфер листата. Но, она што најмногу ги разочара навивачите е фактот што клубот дојде до тоа Меси да бара заминување..

Меси има договор уште една година и веќе некое време одбива да го продолжи. Шпанските медиуми синоќа објавија дека Аргентинецот побарал уште ова лето да ја напушти Барса, односно им поставил ултиматум – или да замине тој или Бартомеу.

Мундо Депортиво утрово пишува дека Манчестер Сити внимателно ја следи ситуацијата, а Пеп Гвардиола им кажал на челниците на клубот да направат се да го донесат Меси доколу тој бара да замине од Барселона.

Се чини дека Сити е единствениот тим кој може да си дозволи да го донесе Меси, а таков обид имаше пред две години кога Аргентинецот одби. Но, доколку Бартомеу остане претседател на Барселона нема да биде изненадување Меси да го напушти клубот во кој игра од почетокот на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Без него Сити не може никого да победи, а тој порачува: Уживам во одморот!

Фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентативецот на Шпанија Родри изјави дека се надева де…