Дома Фудбал Англија Ако Ливерпул биде шампион без да се продолжи сезоната Невил ќе носи специјална маица

Ако Ливерпул биде шампион без да се продолжи сезоната Невил ќе носи специјална маица

Гери Невил следната сезона на работа во „Скај Спорт“ ќе се појавува во специјална маица ако Ливерпул ја доби титулата без сезоната да се продолжи.

„Мислам дека би било смешно Ливерпул да не биде шампион. Но еднакво е смешно некои клубови да испаднат ако сезоната не се продолжи. Видовме веќе дека некои земји прогласија шампиони, а некои ја поништија сезоната. Мислам дека поништување на сезоната не е опција за Премиер лигата“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и се пошегува во целата ситуација.

„Нема да си заминам од замјата ако бидат шампиони, но помалку е болно да ги видам како го креваат трофејот без навивачи. Мислам дека ќе спремам посебна маица, чисто за шега и ќе ја носам цела сезона“.

Сепак, Невил уште еднаш го повтори својот став дека и без преостанатите девет кола Ливерпул ја заслужи титулата.

„Ливерпул ја заслужи титулата и тука нема дилеми. Најдобар тим се во лигата и треба да бидат наградени на крајот. Но тоа нема да не спречи да се шегуваме на нивна сметка во наредните 20 години“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за Манчестер Јунајтед: Фернандеш мора да паузира надвор од терените

Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш и неговиот соиграч Коби Мејну нема да игра…