Mанчестер Сити вчера славеше со 4:3 против Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.




Натпреварот беше вистински спектакл, покрај седумте постигнати голови видовме уште неколку одлични прилики и на двете страни за уште некој гол. Резултатот е поволен за „кралевите“ меѓутоа традицијата вели дека во финалето ќе оди англискиот претставник.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Реал Мадрид вчера шести пат во својата историја изгубил на првиот натпревар во полуфиналето, а во претходните пет пати Реал никогаш не успеал да се врати и да се пласира во финалето.




Ќе видиме дали идната недела во реваншот ќе биде прекината оваа негативна традиција за кралскиот клуб.