Јувентус вчера беше поразен во Рим од Лацио со 2:1, а Душан Влаховиќ одигра уште еден натпревар без никаков учинок.
Српскиот центарфор кога е клупскиот фудбал во прашање е во голгетерска криза. Во натпреварот против Лацио двапати влезе во шанса да го загрози голот на Римјаните меѓутоа шутираше над голот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во главно беше незабележителенм и безопасен, без употребливи топки од страна на соиграчите.
Славниот Кристијан Виери кој настапуваше за неколку големи клубови во Италија смета дека за Влаховиќ е проблем што Јувентус не создава многу шанси.
„Факт е дека Лукаку не е смирен пред голот. Зборувам како поранешен напаѓач. Важно е да се работи, работи и работи. Тоа е единствениот начин да се поправи ситуацијата. За Лукаку е важно да влегува во шанси, најлошо е кога напаѓачот не влегува во шанси. Пример, ако Влаховиќ играше во Интер сезонава ќе постигнеше 25 голови“, смета Виери.