Дома Трансфер зона Ако Араухо замине, Барса тргнува по Де Лихт

Ако Араухо замине, Барса тргнува по Де Лихт

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за уругвајскиот интернационалец од редовите на Барселона, Роналд Араухо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Араухо има важечки договор со Барселона до јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

„Марка“ пренесува дека 22-годишниот дефанзивец ја одбил понудата на Барселона да го продолжи договорот, па на лето може да биде продаден.

Доколку двете страни не најдат заеднички јазик до крајот на сезоната тогаш Барселона ќе мора да го продаде Уругваецот, а медиумите тврдат дека веќе нашле замена.

Каталонците почнале преговори со Мино Раиола за Матијас де Лихт, кој сака да го напушти Јувентус на лето.

Барселона се надева дека ќе може да добие 50 милиони за Араухо, а Холанѓанецот да го донесе за 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…