Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Азар убеден: Белгија може да го освои трофеј на СП

Азар убеден: Белгија може да го освои трофеј на СП

Ѕвездата на белгиската репрезентација Еден Азар изјави дека оваа генерација на Белгија е „златна“ и е убеден дека може да стигне до трофеј во Русија.

Белгиски тим, полн со супер-ѕвезди од европските првенства, како што се Еден Азар, Тибо Куртоа, Кевин де Брујн, Дрис Мертенс, Ромелу Лукаку.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англиската златна генерација од фудбалери не успеа да го покаже својот целосен потенцијал, но белгиската има шанса да осојува трофеи, убеден е Еден Азар.

„Златната генерација, кои вие во Англија ја имавте пред 10-15 години, не освои ништо. А сега мислам, и го кажуваме тоа на фановите, новинарите и на сите во Белгија, дека ние можеме да освоиме трофеј. Ние сме златната генерација на Белгија“, изјави Азар.

Белгија ќе игра токму против Англија во групата Г на 28 јуни, што е последниот меч од групната фаза. „Црвените ѓаволи“ го започнуваат Мундијалот на 18-ти јуни со Панама, по што ќе ги одмерат силите со Тунис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…