Ѕвездата на Челзи, Еден Азар откри дека преговорите со раководството на клубот за продолжување на договорот се во застој.
Азар има договор со Челзи до 2020 година и се погласни се шпекулациите за негов трансфер во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Почнавме преговори со Челзи, но сега тие преговори се во застој. Иднината ќе покаже што ќе се случи“, призна Азар.
„Се уште не знам каква ќе биде мојата иднина. Новиот тренер Сари и јас имаме слични идеи за фудбалот, ќе видеме. Семејството ми е во Лондон. Наскоро ќе наполнам 28 години не сакам да жалам за ниту една пропуштена шанса на крајот на кариерата“, заклучи Белгиецот.
Шпанските медиуми се убедени дека преговорите за нов договор се прекинати бидејќи Азар веќе има договор со Реал Мадрид, па „сините“ ќе бидат приморани на лето да го продадат Белгиецот, бидејќи ќе влезе во последната година од договорот.
Трансферот на Азар во Реал е готова работа: Познато кога ќе биде преставен и кој број ќе го носи! https://t.co/9V3vnaGcWT
— Sportski.mk (@Sportski_mk) December 11, 2018