Арјан Адеми во овој период игра во одлична форма и во репрезентацијата на Македонија и во Динамо кој го предводи како капитен.
Пред четири години Динамо ја дозна најлошата вест во неговата кариера кога падна на допинг-тест. Тогаш тој беше суспендиран на четири години, но подоцна таа казна му се намали на две години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега дополнително го привлекува вниманието затоа што игра уште подобро од пред суспензијата.
Адеми за медиумите зборуваше за тие моменти од неговата кариерата.
„Ако тогаш некој ми кажеше дека ќе се вратам и ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите ќе му кажев дека е луд. Јас не бев откажан и верував во себе, меѓутоа не помислував на вакви големи успеси со Динамо“.
Призна и дека не бил сигурен дали ќе продолжи да игра фудбал ако суспензијата не му била намалена.
„Не знам дали ќе се вратев на фудбалот. Ќе поминеше многу време. Се познавам себеси и знам дека немаше да се предадам, ќе се обидев, ќе бев упорен…Сепак не е само да играш, не знам на какво ниво ќе можев да играм. Денес можам да кажам дека максимално уживам во фудбалот“, изјави Адеми.
Адеми во репрезентација ќе потсетиме се врати против Лихтентшајн и тоа постигна гол на таа средба.