Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми поради повреда не можеше да настапи против Исланд, но вели дека од дома им давал поддршка на соиграчите.
„Навивав од дома за Македонија и бев пресреќен и горд што остваривме таков успех“, изјави Адеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија за првпат во историјата ќе игра бараж за Мундијалот во Катар, а ни остануваат уште две пречки до обезбедување на виза за Катар.
„Не очекуваат два многу тешки натпревари кои треба да ги поминеме. Не сме фаворити, па ќе мораме да играме на гостински терен во полуфиналето против силен противник. Тешко е, но не е невозможно. Јас сум оптимист, се надевам дека ќе можам да играм во баражот“, вели Адеми.
Фото: ФФМ