Дома Фудбал Лига на шампиони Агуеро убеден во „кралските“ квалитети: Реал без проблем ќе го елиминира ПСЖ

Агуеро убеден во „кралските“ квалитети: Реал без проблем ќе го елиминира ПСЖ

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро смета дека Реал Мадрид ќе го елиминира ПСЖ во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Да потсетиме, Реал Мадрид во реваншот во Париз патува со предност од 3:1 од првиот дуел, а Аргентинецот смета дека „кралевите“ без проблеми ќе ја одбранат предност.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Верувам дека Реал Мадрид ќе го елиминира ПСЖ, се наоѓаат во одлична позиција. Веќе имаат предност од два погодоци и доколку постигнат уште еден гол во Париз мислам дека се ќе биде готово. Очекува Реал без проблем да се пласира во ¼ финалето“, изјави Агуеро.

Дали Агуеро имал право ќе дознаеме на шести март кога е закажан реванш натпреварот помеѓу францускиот и шпанскиот гигант.

Од друга страна пак тимот на Агуеро, Манчестер Сити е веројатно сигурен патник во ¼ финалето поради победата на гостински терен од 4:0 во натпреварот против Базел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Слот откри дали зборувал со сопствениците на Ливерпул по вчерашниот пораз

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот одржа прес-конференција по вчерашното фијаско против ПСВ А…