Серхио Агуеро неодамна стана најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити, но неговата иднина и понатаму е предмет на шпекулации.
Наводно Гвардиола не е задоволен од неговото залагање на тренинзите и поради тоа сака да го донесе Алексис Санчез кој заедно со Габриел Жесус ќе го формира напаѓачкото дуо.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Англиските медиумите константно шпекулираат со неговата иднина и го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид и Милан.
Аргентинецот ги демантираше овои гласини и јавно потврди каде сака да ја продолжи кариерата.
„Во последно време се појавија информации за интерес од страна на Реал Мадрид и Милан за моите услуги, но мојата желба е да се вратам во Индепендиенте кога ќе ми заврши договорот со Манчестер Сити“, искрен беше Агуеро.