Серхио Агуеро ќе го напушти Манчестер Сити после 10 години и веќе започнал преговори со други клубови.
Искусниот Аргентинец не доби нов договор со Манчестер Сити, а клубот неодамна соопшти дека Агуеро на крајот на сезоната ќе ја напушти екипата. Овој 33 годишен напаѓач има намера уште некоја сезона да помина во европскиот фудбал и тоа добро да го наплати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интересот за неговите услуги е голем. Јувентус, Барселона, ПСЖ, Челзи, Манчестер Јунајтед…се поврзуваа со неговото име. Меѓутоа можеби после условите на Аргентинецот дел ќе се откажат.
Како што наведува „Газета дело Спорт“ Агуеро имал состанок со раководството на Јувентус и побарал 12 милиони евра по сезона. Со оглед дека има 33 години и склон е кон повреди навистина оваа сума изгледа премногу, па тешко е дека Јувентус или некој друг клуб ќе се согласи да му даде договор со таа плата.
Дополнителен проблем е пандемијата со коронавирусот која влијаеше платите на играчите скоро во сите клубови да се намалат. Агуеро очигледно сака добро да ги наплти последните сезони од неговата кариера, дали ќе успее времето ќе покаже.