Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро се пресели во Барселона како слободен играч, пред се за да игра заедно со својот пријател Лео Меси.
После заминувањето на Меси во Пари Сент Жермен, Агуеро е разочаран и веќе размислува да ја напушти Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Агуеро е заинтересиран во зимскиот преоден рок да се пресели во МЛС лигата во САД.
Агуеро после многу успешна деценија во Манчестер Сити се пресели во Барселона, но е разочаран од состојбата во клубот. Аргентинецот е моментално во аут поради повреда, па останува да се види дали и воопшто ќе дебитира за Каталонците.
Неговиот агент е во контакт со неколку клубови од МЛС лигата и Агуеро во јануари најверојатно ќе направи трансфер.