Милан и Рафаел Леао се блиску до договор за продолжување на соработката, пренесува „Скај Италија“.
Преговорите помеѓу Милан и Леао за продолжување на соработката траат веќе подолго време, но сега двете страни се блиску до договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леао има договор до 2024 година и е на мета на многу европски гиганти, но Милан ги одби сите понуди бидејќи сака да го задржи Португалецот.
Милан спреми нова понуда од 7 милиони евра годишно плус бонуси, притоа „росонерите“ се спремни да му дадат бонус од 3 милиони при потпис.
Адвокатот на Леао пристигнал во Милано и во петок ќе има средба со Малдини на која треба да бидат договорени последните детали, бидејќи самиот Леао преферира да остане на „Сан Сиро.
🚨 AC Milan want to get Rafael Leão's new contract signed in the coming days. The new offer is more than €7m-a-year net, with bonuses included.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 18, 2023
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/QTxmS29Q6c