Ѕвездата на Динамо Загреб, Дани Олмо го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсилен интерес покажува италијанскиот гигант Милан.
Шпанскиот интернационалец кој на 16 години се пресели во Загреб од Барселона оваа сезона блеска, па би можел од јануари да го облече дресот на Милан.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Динамо Загреб се во поодминати преговори и „росонерите“ се спремни да платат 20 милиони евра за крилниот напаѓач.
Ако Динамо ја прифати понудата парите ќе ги добие на неколку рати, а во зависност од настапите на Олмо, сумата би можела да достигне до 25 милиони евра.
„Вистина е дека сме во контакт со Милан. Дани бил бил среќен доколку се пресели во Милан и сметам дека одлично би се вклопил на Сан Сиро“, изјави агентот на 20-годишниот Шпанец.