Менаџерот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед Дони ван де Бек, жестоко реагираше бидејќи неговиот клиент беше резерва на мечот со Брајтон.
Холанѓанецот пристигна како големо засилување на „Олд Трафорд“, но беше на клупата за резерви на мечот кој Јунајтед го доби со пенал во последната минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тој да биде резерва? Тоа не ми се допаѓа. Искрено не би го трпел тоа да сум на неговото место. Да влегувам во игра на четири минути до крајот на мечот? Нема шанси“, изјави Сварт.
Од доаѓањето во Јунајтед Ван де Бек одигра само 23 минути во Премиер лигата.
„Иако малку беше на теренот успеа да направи три добри работи, што е многу повеќе од повеќето играчи во тимот. Извлече пенал кој ѝ претходеше на победата. Во нормални околности Брајтон требаше да го прегази тој Јунајтед со 7:1. Манчестер Јунајтед имаат добар тим но такви работе не треба да им се случуваат“.