Дома Фудбал Италија Агентот ги демантира шпекуалциите: Милан е задоволен од Бакајоко!

Агентот ги демантира шпекуалциите: Милан е задоволен од Бакајоко!

Италијанските медиуми вчера излегоа со информација дека Милан не е задоволен од Тиму Бакајоко и дека би можеле да се разделат со играчот во зимскиот преоден рок.

Бакајоко ова лето пристигна на позајмица од Челзи, а „Кориере дело Спорт“ тврди дека „росонерите“ не се задоволни од Французинот и дека би можеле да ја прекинат позајмицата во јануари.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Меѓутоа, денес агентот на Бакајоко категорично ги демантираше таквите шпекуалции.

„Бакајоко е среќен во Милан и клубот е задоволен од него. Знаевме дека ќе му биде потребно време за да се адаптира на италијанскиот фудбал, но сите во Милан веруваат во него. Шпекулациите за негово враќање во Челзи во јануари се апсолутна невистина“, изјави агентот за италијанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФФМ го казни Вардар, отворена постапка и против Шкендија Арачиново!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа вонредна седница на која донесе одлуки …