Австралиската влада го објави одговорот на жалбата на Новак Ѓоковиќ, тој е на 13 страници, а две точки предизвикаа големи реакции во јавноста.
Ѓоковиќ доби медицинско изземање од задолжителната вакцинација за сите учесници на тенискиот турнир кој започнува на 17-ти Јануари. Неговите адвокати вчера поднесоа документ на 35 страници со кој тврдат дека тој ги исполнува критериумите за изземање од задолжителната вакцинација заради скорешната инфекцијата со Ковид-19, потврдена со позитивен тест од 16-ти Декември.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во одговорот на Австралиската влада објавен на 13 страници, најважна е заканата дека дури и судот да донесе одлука да го ослободи Ѓоковиќ од притвор, тие имаат право повторно да го приведат и дека судската одлука не е никава гаранција дека Австралија нема повторно да го приведе најдобриот светски тенисер.
На Ѓоковиќ му беше одбиен влезот во Австралија откако минатата недела слета во Мелбурн, каде требаше да ја брани титулата на Австралија Опен. По речиси 10-часовното задржување на царината, Ѓоковиќ беше пренесен во имиграциски притвор. а неговиот адвокатски тим ја подготвуваше жабата на одлуката на австралиската влада.