Дома Македонски спорт Аврамовски се сели кај Мирко Ивановски во Динамо Букурешт?

Аврамовски се сели кај Мирко Ивановски во Динамо Букурешт?

Македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски кој е без клуб откако го напушти Кајсериспор би можел кариерата да ја продолжи во Романија.

Аврамовски е без клуб скоро еден месец, а сега романските медиуми пишуваат дека интерес за него покажал Динамо Букурешт. Во овој тим Аврамовски би му се придружил на напаѓачот Мирко Ивановски.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во Турција Аврамовски се пресели после распадот на тимот на Вардар, а на 24 натпревари за Кајсерипсор имаше учинок од два гола и четири асистенции.

Ќе потсетиме, Аврамовски беше дел од репрезентацијата на Македонија на Европското првенство, но не се најде на списокот на Милевски за октомврскиот и претходниот септемврски циклус на квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…