Потрагата по исчезнатиот авион со кој патуваше Емилијано Сала се уште е во тек, засега нема конкретни информации за негово пронаоѓање.
Секој ден се појавуваат нови информации, а денес француските медиуми објавија дека пилотот Дејв Иботсон во последен момент влетал во комбинација да пилотира на овој лет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се открива пасошката контрола заедно со Сала ја минал Дејв Хендерсон и тој требало да го вози авионот на враќањето во Кардиф. Но, промена се случила во последен момент и на летот место Дејв Хендерсон се качил 60 годишниот Дејв Иботсон.
Сомнителна е и чудната порака на Иботсон на Фејсбук во која му одговара на негов пријател дека е малку „зарѓан“ со инструментите за слетување.
Нејасно е и зошто Иботсон без да пријави проблем побарал да се спушти од 1524 метри на само 700 метри. Токму по ова негово барање на авионот му се губи секаква трага.
Во меѓувреме неговата поранешна девојка вчера објави дека според неа ова не е несреќен случај.
Полицијата утрово потврди дека истрагата денес и официјално е продолжена. Чекаме нови информации…
24th January
7.50am update.We are commencing a coastal search using be Channel Islands Air Search plane of Burhou, the Casquets, Alderney, the north coast of the Cherbourg Peninsula, north coast of Jersey and then back over Sark.
Further information released when available
— Guernsey Police (@GuernseyPolice) January 24, 2019