Англискиот напаѓач Тами Абрахам ова лето се пресели во Рома од редовите на Челзи и е исклучително задоволен од соработката со Жозе Мурињо.




24-годишниот Англичанец истакна дека за само неколку недели работа со „Специјалниот“ научил повеќе од колку за цела кариера.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Жозе имаше цел. Тој имаше големо влијание врз мене во разговорите пред моето доаѓање во Рим. Апсолутно сакав да бидам дел од неговиот проект”, изјави Абрахам.




„Уживам во Рома и уживам да работам за Мурињо. Научив повеќе за тактиката од него во овие неколку недели отколку во целата моја кариера”, додаде напаѓачот, кој се врати во англиската репрезентација.