Дома Фудбал Англија Абрамович го губи трпението: Овие тројца си заминуваат од клубот, помеѓу нив и капитенот!

Абрамович го губи трпението: Овие тројца си заминуваат од клубот, помеѓу нив и капитенот!

Поради лошите резултати во Челзи наводно одлучиле да направат измени во играчкиот кадар, според медиумите во Англија „отпишани“ се тројца фудбалери.

Актуелниот шампион на Англија е далеку од одбрана на титулата, а доколку продолжи вака под знак прашалник би го ставил и играњето во Лигата на шампионите следната сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Останувањето на Конте исто така е ставено под голем знак прашалник, а покрај него дозвола да си бараат нови клуови наводно добиле и тројца искусни фудбалери.

Наводно после разговорот со луѓето од клубот Роман Абрамович одлучил дека Тајмон Бакајоко, Давид Луиз и Гери Кејхил во следниот преоден рок можат да го напуштат клубот. Воедно треба да се спомене и дека сите тројца беа на удар после вчерашниот пораз од Вотфоорд.

Бакајоко пристигна како големо засилување од Монако минатото лето, но не ги оправда очекувањата. Против Вотфорд заработи црвен картон, а навивачите на Челзи го испратија со свирежи.

Луиз кој Челзи го врати пред година ипол од ПСЖ за 35 милиони евра е далеку од поранешната форма.

Кејхил е капитен на лондонскиот клуб пристигна пред пет години од Болтон, а на „Стенфорд Бриџ“ веруваат дека дојде време да го заменат со некој помлад фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…