Дома Фудбал Останато Абидал: На Чави не сме му понудиле ништо, ако добил понуда нека ја покаже

Абидал: На Чави не сме му понудиле ништо, ако добил понуда нека ја покаже

Чудна изјава на спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал за „Спорт“.

Играчката легенда на Барселона Чави Ернандез кој го води Ал-Сад долго време се поврзуваше со клупата на Барселона, потоа и самиот Чави јавно кажа дека добил понуда од Барселона, но дека ја одбил бидејќи не било вистинско време.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега Абидал тврди дека Барселона не му понудила ништо на Чави.

„Ништо не сме му понудиле, ако тој има понуда нека ја покаже затоа што јас не сум ја видел. На првиот состанок со Чави тој не слушаше нас, на вториот ние него. Тоа што се појави во медиумите е политика, а јас не се занимавам со тоа. Зборувам само за фудбал, мене ме интересира како тренерот работи“, изјави Абидал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лукаку повреден, Наполи тргнува по Хојлунд

Наполи е во потрага по нов напаѓач после повредата на Ромелу Лукаку, кој ќе отсуствува од …