Дома Македонски спорт Абердин ја одредил цената за Миовски

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен за многу клубови, а во Шкотските медиуми се пишува и за сумата која би ја барал Абердин за негово ослободување.

Имено, Миовски за Абердин постигна вкупно 24 гола во сите натпреварувања, па така го привлече вниманието и на најголемите шкотски клубови, Селтик и Ренџерс. Во Абердин се уште тврдат дека не планираат да го продадат, сепак јасно е дека ќе им биде тешко да го задржи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шкотскиот новинар Џејк Мекфарлан најавува дека цената за Миовски може да изнесува околу осум милиони евра.

„Миовски е голем талент и лично многу ми се допаша. Тој за Ренџерс би бил перфектно засилување. Нема дилеми дека Абердин би барал висока сума, ќе зависи и колкав е интересот за него. Сепак, не би бил изненаден ако Абердин бара осум милиони фунти“, објави новинарот.

Исто така во јавноста се појави информација дека интерес за Миовски покажал и холандски Феенорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ужасен коментаар на италијански новиар за Серија А: Кој ќе плати да гледа гробница на слонови?

Италијанскиот фудбалски новинар Паоло Барџиџа, гостувајќи во еден подкаст, изрече невкусна…