Кошаркарскиот клуб Карпош Соколи во наредните пет години нема да може да се натпреварува во ниту едно натпреварување кое е во организација на Јадранската кошаркарска организација, одлучи АБА лигата на вчерашното Собрание во Белград.
Според официјалниот правилник на АБА лигата за сезоната 2016/2017; Карпош првично доби парична казна од 12.000 евра, поради изјавите напретседателот на клубот Огнен Дедиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според АБА лигата со навредливите изјави упатени кон челниците на лигата тој го нарушил имиџот на АБА лигата и нејзините спонзори.
„Поради сериозноста на прекршокот клубовите на Собранието одржано на 24.07.2017 година одлучија Карпош Соколи да се казни со петгодишна забрана за учество во сите натпреварувања кои ги организира Јадранската кошаркарска асоцијација“, стои во соопштението кое АБА го објави по Собранието на клубовите.