Неговото презиме е Пиатек, што на полски значу петок, но фановите на Џенова започнаа да го нарекуваат „Пистолеро“ бидејќи станува збор за роден голгетер.
Имено, после одиграните пет натпревари во Серија А, Кшиштов Пиатек се претвори во најпријатното изненадување во италијанската Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шесте гола за 450 минути го поврзаа името на Пијатек со големата ѕвезда на Милан, Андреј Шевченко. Украинскиот голмајстор пред 19 години дебитираше во Серија А со истиот број на голови во првите пет натпревари. Тоа покажува дека Џенова пронашла смртоносно оружје во нападот и нова голема ѕвезда на европскиот фудбал.
Уште поинпресивно делуваат бројките на Пиатек ако се знае дека во претсезоната постигна 12 гола на 6 меча, притоа му даде четири гола на Лече во Купот на Италија.
Piatek just made @GenoaCFC history ??? pic.twitter.com/aGrVQbsYTW
— ItalianFootballTV (@IFTVofficial) September 26, 2018
23-годишниот напаѓач постигна 18 гола на 18 меча во полското првенство пред да се пресели во Џенова, а веќе заработи и повик во полската репрезентација.
Џенова го донесе Пиатек во Италија за само 4 милиони евра, а неговата цена вроглаво расте од ден на ден, бидејќи во него се „заљубија“ сите големи италијански клубови.
Експертите и новинарите се сигурни – тој е новата голема ѕвезда на европскиот фудбал!