Дома Фудбал Останато Ќе се снима спектакуларен филм за Ибрахимовиќ

Ќе се снима спектакуларен филм за Ибрахимовиќ

Наредната година ќе биде завршен филмот за Златан Ибрахимовиќ.

Филмот е основан на биографијата на шведскиот напаѓач „Јас сум Златан“ и фановите ширум светот со нетрпение го исчекуваат. Во филмот ќе биде претставена кариерата, но и животот на одличниот голгетер кој денес игра во Милан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Животот на 39 годишниот фудбалер ќе биде прикажан во сценарио на Јаков Бекман и Дејвид Легернатз, а во режија на Јенс Сјогрен.

Интересно е што Златан во филмот ќе биде прикажан како дете и како некој кој веќе созреал. Помеѓу останатите чест да глумат во него добија Домник Бајрактери Андерсон кој ќе го глуми Ибра од 11 до 13 години и Гранит Рушити кој ќе „биде“ Златан во периодот од 17 до 23 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се зогуваја, па го вратија:Фабијански повторно во Вест Хем

Полскиот фудбалски голман Лукаш Фабијански потпиша договор со Вест Хем до крајот на сезона…