Дома Фудбал Германија Ќе има промени во врвот на Баерн: Оливер Кан фаворит за нов претседател

Ќе има промени во врвот на Баерн: Оливер Кан фаворит за нов претседател

Во наредните две или три години би требало да очекуваме претседателот на Баерн Ули Хенес да се повлече од функцијата.

Хенес тоа сакаше да го направи уште минатата година, но сметаше дека нема достоен наследник.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реномираниот „Билд“ сега доаѓа до информации дека во Баерн сепак пронашле решение и тоа во легендарниот голман – Оливер Кан!

Наводно, Хенес неколку пати разговарал со Кан и е убеден дека тој би бил вистинскиот човек за негов наследник.

Изгледа дека поголемиот дел од управата нема ништо против, па во наредниот период ќе лобираат за ваква опција.

Еден од најтемпераметните играчи во изминатиот период работеше како новинар и коментатор и често пати знаеше да испрати критики кон својот Баерн, па сосема сигурно дека нема да биде досадно доколку намерите на Хенес и навистина се остварат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Марка тврди, ќе се напише историја: Шпанците ќе имаат 6 тима во Лигата на шампионите

Следната сезона Шпанија ќе има пет учесници во фудбалската Лига на шампионите, со можност …