Дома Македонски спорт Ќе имаме ли уште еден Македонец во Шкотска? Гигантот Селтик го сака Јани Атанасов!

Ќе имаме ли уште еден Македонец во Шкотска? Гигантот Селтик го сака Јани Атанасов!

После Бојан Миовски на кого му тргна одлично во Абердин би можеле да имаме уште еден Македонец во Шкотска и тоа во славниот Селтик.

Имено, медиумите во Шкотска и Хрватска пишуваат дека шкотскиот гигант покажал интерес за македонскиот фудбалер Јани Атанасов кој го носи дресот на Хајдук. Според информациите почетните преговори веќе се оствариле и наскоро може да се очекува официјалната понуда.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За овој трансфер најмногу се прашува Хајдук затоа што Атанасов е под договор со хрватскиот тим. Во редовите на Хајдук Атанасов пристигна пред две години и како што одминува времето станува еден од поважните играчи.

Ќе потсетиме на последното дерби со Динамо Загреб кое Хајдук сепак го загуби Атанасов постигна фантастичен гол од 30-тина метри. Пред Хајдук Атанасов настапуваше за Бурсаспор и Академија Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…