Дома Фудбал Италија Ќе игра ли Роналдо утре? Пирло го даде одговорот

Ќе игра ли Роналдо утре? Пирло го даде одговорот

Јувентус во Серија А не победил од 20. септември (не се смета службената победа со Наполи), а сега во недела Јувентус ќе игра против Специја.

Пирло сега ќе го има Роналдо на располагање кој се враќа откако доби негативен тест. Меѓутоа тренерот на „старата дама“ откри дека нема да го користи од почеток.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Роналдо утрово тренираше сам, но сака да биде со соиграчите и сака да патува со нас. Меѓутоа, нема да игра од почеток“, потврди Пирло.

Бонучи ќе биде во составот, Киелини и Де Лихт се уште не.

„Бонучи вчера тренираше сам, а денес заедно со остатокот од тимот и тој ќе игра. Киелини се уште не е спремен. Со Де Лихт се оди според планот, но докторите кажаа да почекаме уште една недела“, објасни стратегот на „старата дама“.

Јувентус после пет кола има девет бода и се наоѓа на петтата позиција на табелата. Натпреварот со Специја се игра утре од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…