„Кориере дело Спорт“ денес пишуваше за можна казна на Кристиано Роналдо поради неговото однесување во Белград во натпреварот против Србија.
Роналдо беше бесен затоа што главниот судија на мечот Дани Макели не му призна чист гол. Португалецот доби жолт картон и ја фрли капитенската лента на земја пред судијата, а се упати и кон тунелот уште пред да биде означен крајот на натпреварот.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Италијанскиот медиум го објави членот 11 од дисциплинскиот кодекс (навредливо однесување или кршење на принципите на фер-плејот).
„Сојузите и клубовите, како и играчите би требало да бидат луѓе кои ги почитуваат правилата на игра, статутите на ФИФА, како и препораките. Исто така мора да се почитува и фер-плејот“.
Во членот 12 одредена е казна за непочитување на наведеното од членот 11.
„Најмалку еден натпревар суспензија или временски период кој одговара на тежината на неспортското однесување и прекршувањето на правилата“.
Засега не е познато дали УЕФА и ФИФА разгледуваат можна казна на Роналдо.