Дома Фудбал Репрезентации Ќерката на Пеле се огласи и објасни во каква ситуација е нејзиниот татко

Ќерката на Пеле се огласи и објасни во каква ситуација е нејзиниот татко

Ќерката на легендарниот бразилски фудбалер, Пеле демантираше дека нејзиниот татко е префрлен на палијативна нега во болницата во Сао Паоло, пренесува „Ројтерс“.

Пеле од вторникот е во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло каде што прима антибиотици поради респираторна инфекција. Минатиот септември на Пеле му беше направена операција на тумур на дебелото црево и од тогаш е на лекување со хемотерапија.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Неправедно е луѓето да зборуваат дека Пеле е префрлен на палијативна нега. Тоа е надвор од сите граници. Верувајте ми: Тоа не е точно“, изјави ќерката на Пеле, Флавија за бразилската телевизија „Глбоо“.

Одредени бразилски медиуми пренесуваа дека Пеле е на палијативна нега затоа што неговото тело престанало да реагира на хемотерапијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…