Дома Трансфер зона Њукасл ја купи ѕвездата на Лион која ја сакаше половина Европа

Њукасл ја купи ѕвездата на Лион која ја сакаше половина Европа

Њукасл постигна договор со Лион со трансфер на бразилскиот играч за врска, Бруно Гимараеш.

Англискиот клуб ги задоволи финансиските барања на Лион и понуди 40 милиони евра за Бразилецот, кој сега треба да ги договори личните услови со Њукасл.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Тоа најверојатно нема да биде проблем, бидејќи Њукасл му нуди на Гимараеш четири пати повисока плата од таа која ја заработува во моментов.

24-годишниот играч за врска игра фантастично и го привлече вниманието  на многу европски гиганти, но Њукасл ја победи конкуренцијата.

Бразилецот треба да биде трето засилување за клубот оваа зима после Киран Трипие и Крис Вуд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…